Веројатно никогаш до сега не сте слушнале за Пачинко, затоа што Јапонците се единствените луѓе на планетата кои уживаат во неа.
Играта е слична на пинбал, но со многу топчиња кои хаотично летаат на сите страни. Кога некое топче ќе влета на правилното место, се добива награда, која е во уште повеќе топчиња. На крај освоените топчиња можете да ги замените со пари или со производи.