Северна Каролина е една од неколкуте држави каде што изневерените партнери можат да го тужат љубовникот или љубовницата. Кит и Даниел, која е 15 години помлада од него, се венчале во 2010 година и сега имаат 5-годишна ќерка.

Нивната љубовна приказна завршила кога Даниел го запознала Франциско.

Кога бизнисменот од Северна Каролина, Кит Кинг ја начекал својата сопруга Даниел, со нејзиниот љубовник Франциско Хуизар не планирал работата да заврши само со развод. Кинг го тужел Франциско затоа што му ја завел сопругата, за криминален разговор и отуѓување на љубовта, растурање на бракот како и оштетување на неговата компанија, затоа што Даниел работела во компанијата на нејзиниот сопруг.

Судијата на Врховниот суд му додели на Кит Кинг 8,8 милиони долари, кои треба да бидат исплатени од љубовникот на неговата сопруга, Франциско. Хуизар, кој живее во Сан Антонио и заработува 84.000 долари како менаџер за маркетинг, планира да поднесе жалба на пресудата.

Адвокатот на љубовникот тврдел дека бракот веќе се распаѓал кога Даниел и Франциско се запознале. Тој го опишал Кинг, кој е 15 години постар од неговата 33-годишна сопруга, како манипулативен и сакал да ја контролира. Адвокатот на обвинетиот раскажал на суд како Кинг редовно го прегледувал нејзиниот телефон, го следел нејзиното движење, ја присилувал да носи бикини и штикли и не и дозволувал да ја бојадиса нејзината коса.

Кога била повикана да сведочи, Даниел Кинг тврдела дека таа е онаа која романтично го следела Хуизар и рекла дека нејзиниот брак со Кит бил несреќен од самиот почеток. Љубовниците се запознале во 2015 година во Њујорк, а аферата продолжила да трае со години. Во 2016 Франциско ѝ се придружил на Даниел на одмор во Спа центар, кој што бил платен од нејзиниот сопруг, за неа.

Кинг се соочил со Фрнациско во стан кој бил изнајмен од неговата сопруга и тие започнале тепачка. Изневерениот сопруг тврди дека љубовникот се обидувал да го задави, а тој во своја одбрана вели дека само се обидувал да ја заштити Даниел.

Кога судијата ја донел пресудата по завршувањето на судскиот процес тој рекол дека ова е „учебник, како да не ставиш крај на брак во Северна Каролина.“

Сподели на Facebook
пати видено