Во современиот свет, ако не и ја спамирате социјалната мрежа со прекрасни фотографии од одморот, исто како да не сте биле на одмор. Но, поради некоја причина, гледајќи низ бројните слики на телефонот, во најдобар случај ќе најдете само 1-2 успешни кадри.

Време е да дознаете како да изгледате добро на летните фотографии и да соберете стотици лајкови.

1.

Сликајте се со гума за пливање, но не ја ставајте во преден план, ставете ја на страна, ова ќе ви помогне да ги поправите одредени делови од телото и струкот да изгледа потенок.

2.

Кога позирате до базенот избегнувајте прави линии. Секогаш е добро да ја кренете малку ногата која е подалеку од камерата и да ја свртите половината за да изгледа потенка.

3.

Не се фотографирајте во поза на „војник“ затоа што така се губат прекрасните облини на телото.

4.

Не заборавајте да користите акцесоари, бидејќи со нивна помош можете лесно да ја прилагодите фигурата и да привлечете внимание кон одредени делови од телото или пак да сокриете недостатоци.

5.

Ако додека се фотографирате на лежалката во преден план го ставите вашето лице, тогаш телото ќе ви се „деформира“. Горниот дел ќе изгледа премногу голем, а ноздете кратки. Не заборавајте да се поткренете и лежалката да ја допираат само рамената, главата и задникот.

6.

Не се фотографирајте додека седите. Така вашиот стомак ќе добие грди набори.

7.

Сеогаш внимавајте на вашето држење затоа што искривениот грб може да ја уништи и најубавата фотографија. За да ги истакнете облините застанете на прсти, исправете се и истакнете го малку задникот.

8.

Доколку се фотографирате додека седите внимавајте колената да не се во преден план на камерата, затоа што тогаш нозете ќе изгледаат огромни. Најдобро е да седнете на страна.

9.

Доколку немате рамен стомак секогаш можете вака да се фотографирате во водата и да го истакнете деколтето, а не проблематичните области. Вратот нека ви биде испружен и во никој случај не ја ставајте главата на рамото.

10.

Кога правите портрет никогаш не фотографирајте одозгора. Фотографот треба да биде на исто ниво со вас за фотографијата да излезе добра.

11.

На фотографиите во списанијата девојките со влажна коса секогаш изгледаат секси, но тоа се должи на професионални фотографи и фотошоп. Во реалниот живот косата ќе се залепи за вашето лице, а ушите ќе дојдат до израз. Затоа е најдобро да се фотографирате кога косата е сува или влажна.

12.

За да добиете добра фотографија внимавајте на асиметријата. На пример, свиткајте ја ногата и спротивната рака. Асиметричните линии додаваат природност на фотографијата.

Сподели на Facebook
пати видено