9-месечната Алича Стенк останала со семеен пријател на нејзината мајка, додека таа „да си ги разбистри мислите“ на неколку дена. Мајката на Алича, Тони, од Аризона, била ветеран на воздухопловните сили и во тој период имала повеќе психолошки проблеми. Кога се вратила по два дена, Алича повеќе не била кај семејниот пријател и никој не знаел каде е.

Малото бебе всушност било предавано од пријател на пријател сѐ додека некако не завршило во рацете на полицијата. Сепак полицијата немала начин да го утврди идентитетот на девојчето и тоа било предадено на социјалните служби. Мајката на Алича, која имала проблеми со дрогата и била поврзувана со проституција, била убиена во 1995 година и тука завршил интересот за девојчето на одредено време.

Мајката на Алича, Тони

Случајот повторно бил разгледан кога детективи за стари случаи ги разгледале достапните информации со помош од Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца, во 2008 година. Тие собрале информации и ДНК од членовите на семејството за да развијат профил за исчезнатата девојка. Исто така бил искористен и софтверот за прогресија на староста, кој покажал како би изгледала девојката денес.

Шест години подоцна во 2014 година, една жена во болница во Конектикат била примена жена без никаков личен документ, подигнувајќи сомнеж кај медицинска сестра која што ја видела фотографијата во националната база на исчезнати лица и контактирала со полицијата.

Полицијата земала ДНК од жената за тестирање, а три години подоцна било утврдено дека се совпаѓа со исчезнатото бебе. Властите утврдиле дека немало престап во исчезнувањето на бебето и случајот бил затворен. 24-годишната девојка била посвоена како бебе и сега има друго име.

Таа се запознала со нејзината биолошка баба, Френсис Форд, која вели дека девојчето сака да си ја заштити приватноста и не сака да го открие идентитетот.

Сподели на Facebook
пати видено