Џема Хедли е мајка на 9 деца. 36-годишната жена е принудена секој ден да пешачи околу 11 километри, со нејзините три деца на возраст од 5 до 2 години, за да ги однесе на училиште. Џема која е од Источен Јоркшир оди пеш од својот дом во Дрифилд до Church of England Infant School, каде што престојуваат нејзините деца.
5-годишната Фиби, 4-годишната Матилда и 2-годишниот Перси одат на оваа „патување“ заедно со нивната мајка. Џема нема возачка дозвола, а автобусот кој порано поминувал за да ги земе децата е укинат, затоа што општината смета дека „не се работи за премногу големо растојание“.
Џема веќе 2 години пешачи на овој начин и вели дека станува многу тешко во зимскиот период кога има снег и мраз и децата не можат да се движат. Таа вели дека порано кога едно од нејзините деца одело на училиште им понудиле да праќаат училишно такси, но повеќе и таа услуга не е достапна, иако мајката вели дека плаќала и за двете.
Жената ќе продолжи да оди пеш со нејзините деца, додека општината не пронајде решение.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.