Трговијата со луѓе е сѐ уште легална во Бангладеш. Најчесто се земаат девојчиња од сиромашни семејства, во рана тинеџерска возраст, кои потоа живеат во огромни легални бордели-„села“, каде што се приморани да пружаат сексуални услуги на клиенти.

19-годишната Рупа работи во бордел во Бангладеш веќе 6 години и раскажува како се одвивала нејзината трагична судбина.

Рупа работи во Кандипара, една од 20-те легални бордели-села во Бангладеш, каде што живее со уште 400 проститутки. Законот на Бангладеш им забранува на лицата под 18 години да работат во борделите и им треба лиценца од државата, во која стои дека се подготвени да работат.

Но, проценето е дека околу 47 проценти од женските сексуални работнички биле во еден момент деца-невести, тргувани во проституција против нивната волја. Самата Рупа била омажена на возраст од 11 години за човек речиси три пати постар од неа.

Таа забременила од нејзиниот сопруг, но набрзо тој загинал во несреќа на работа и семејството на Рупа не сакало да ја прими назад. Таа била принудена да отпатува за Дака да бара работа, но наскоро таа била земена од сексуалните работници и била продавана за проституција.

„Моите родители ми кажаа дека немаат пари да се грижат за мене и мојот син. Не бев повеќе невина, па ниту еден маж немаше да сака да се ожени со мене.“, вели Рупа.

Три дена по нејзиното пристигнување во Кандипара, Рупа вели дека била затворена во соба и тепана секогаш кога се обидела да замине. Таа била принудена да зема Орадексон, стероиди за крави, за нејзиното тело да се развие побрзо, да ѝ се зголеми тежината со цел да изгледа постаро.

„Кога конечно бев испратена во полициската станица за да ја земам мојата лиценца, бев многу исплашена повторно да не ме тепаат што само повторив што ми кажа мојата мадам: Дека имам 18 години и дека сум среќна што работам во борделот затоа што немам други опции.“, објаснува Рупа.

Сега рупа е принудена да спие со 10 до 12 клиенти на ден за да преживее, а сите плаќаат бедни 200 така, односно околу 2 евра. Во меѓувреме, последната медицинска клиника управувана од невладини организации ги затворила вратите во борделите во 2014 година поради недостаток на финансии и оттогаш Рупа не е тестирана за сексуално преносливи болести.

Рупа, исто така, призна дека била редовно тепана од нејзините клиенти и била принудена да ги прикрива раните за да може да продолжи да работи. Проститутките во Бангладеш честопати се принудени да работат додека не соберат доволно пари за да ја купат својата слобода, но Рупа вели: „Сакам да сонувам за подобра иднина. Но, знам дека тоа нема да ми се случи на мене“.

Според Уницеф, 22% од девојчињата на возраст од 15 до 19 години во Бангладеш се омажиле во 2017 година, додека 59% се во брак до 18-тата година. Бангладеш исто така има четврта највисока стапка на детски бракови во светот, веднаш зад Нигер, Централна Африканска Република и Чад.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено