Поранешната суперѕвезда од НБА Шекил О’Нил беше познат како жесток предатор на теренот со неговиот патентиран стил на игра „Шек напад“. Тој се здружил со комичарот Роб Ригл и Дискавери за да снимаат емисија во која Шекил ќе плива со ајкули, додека е затворен во кафез.
Пред да започне главниот дел од емисијата поранешниот кошаркар изјавил дека многу се плаши од ајкули: Многу се плашам од ајкули. Ги гледав филмовите When Animals Attack, се сеќавате на Jaws? И живеам во Флорида, со сите тие напади на ајкули во Флорида…“
Шекил бил спуштен во „Шек кафез“ (Shaq Cagе), висок 4 метри и широк 2 метри и очекувал сѐ да се одвива според планот. Но легендата висока 2,16 метри за малку ќе станела плен на ајкулите, кога ајкула успеала да влезе внатре во челичниот кафез. Шекил почнал да паничи, а за среќа професионалните поморски биолози кои го придружувале успеале брзо да изреагираат и да ја избркаат ајкулата.
Наа целиот инцидент кој се одвивал на Бахамите, Роб и Шек подоцна се обиделе да му дадат комичен призвук. „Јас преживеав напад од ајкула кучки“, вели О’Нил кога излегува од водата, додека Роб „не изгледа загрижено“.