Симпозиум на пластични хирурзи …
Станува францускиот хирург и почнува:
– Да ви кажам – минатата година една девојка падна од Ајфеловата кула!
Целата сала:
– И што се случи?
– Па, со малку пластика и сега таа е најпозната ТВ водителка во Франција!
Потоа станува Американецот и со гордост раскажува:
– Кај нас пред половина година, една девојка падна од највисокиот облакодер во Њујорк!
Целата сала:
– И што се случи?
– Па, ја составивме, малку пластика и сега по професија е најуспешен фото модел!
На крај станува Македонецот и вели:
– Минатата година кај нас падна еден хеликоптер!
Тишина во салата, никој не знае за што се работи. Нашиот продолжува:
– По два месеци, на терен пристигна итната медицинска помош и најдоа едно уво, една рака и еден задник!
Целата сала:
– И што се случи?
– Па, го составивме…
Целата сала:
– А сега?
– Сега тој е пратеник во парламентот! Само седи на задникот и со увото слуша кога ќе му нареди шефот да ја крене раката!