Во зоолошката градина горилата се разгонила, почнала да го крши кафезот, да ги плаши посетителите, да рика – страшна работа. Менаџерот почнал да им ѕвони на колегите од другите градови, но најевтина понуда за мажјак горила била 15.000 €, а толкав буџет немале. Се собрале вработените и зборуваат за проблемот.
Сите се чуделе што да прават, додека Пешо не станал и рекол:
– Шефе, Што не викнеме Лазо Длгио, тој ќе ја среди.
– А ќе може ли да заврши работа?
– Што мислите, зошто го викаат така?
– А колку пари да му дадеме?
– 100€ му се доволни!
Го викнале Лазо Длгио и му го кажале проблемот и понудата. Лазо Длгио помислил малку, па рекол:
– Шефе, нема проблеми, ама имам два услови: Прво нема да ме терате да ја бакнувам!
– Нема Проблем, Лазо, а вториот?
– Вториот е, ако може, за парите да ме почекате малку оти ги немам на куп…