Има нешто прекрасно во тоа кога луѓето се собираат да го прослават постоењето на светот и на човечкиот род. Еве некои од најдобрите фестивали во целиот свет.
Холи (Фестивал на боите), Индија
Холи е древен хинду фестивал кој ја прославува победата на доброто над злото. Прославите започнуваат со палење на свечениот оган ноќта воочи празникот. Потоа насекаде по улиците се фрла обоен прав за да се шири добро расположение и да се сподели радоста помеѓу сите општествени групи.
Tomorrowland (Земја на утрешнината) – Белгија
Tomorrowland е најголемиот фестивал на електронска музика во светот. Билетите се распродаваат веднаш по објавувањето, а на настанот учестуваат стотици диџеи, сето тоа проследено со огномети и неверојатно креативни сцени.
Венецијански карневал, Италија
По успешната одбрана на градот во 1162 година, луѓето прославиле на плоштадот Сан Марко. Сега венецијанскиот карневал започнува во Лент.
Ла Томатина – Буњол, Шпанија
Според легендите, мавањето со домати започнало во 1945г. кога жителите гаѓале шумски штетници со зеленчукот, но промашиле погодувајќи се едни со други. Секој август околу 20.000 славеници се гаѓаат едни други со преку 150.000 домати во текот на еден ден.
Меѓународен фестивал на балони – Албакерки, САД
На најголемиот фестивал на балони во светот се летаат преку 750 балони во текот на девет дена. Фестивалот започнал да се одржува во 1972г. со летањето на 13 балони при роденденската прослава на радиото 707 КОВ.
Burning Man – Невада, САД
Ова е годишен настан кој ја прославува културата и уметноста. Уметниците поставуваат неколку огромни инсталации додека музичарите ја забавуваат педесетилјадната публика. На крај се завршува со палење на голема човечка фигура од дрво, висока 30 метри.
Тингјанскиот воден фестивал – Бурма
Секој април. кога луѓето почнуваат да ја слават будистичката нова година улиците во Бурма се претвораат во огромна водена битка. Битката, при којашто „никој не е безбеден“ е метафоричко ритуално „миење на гревовите од претходната година“, со што се обезбедува нов почеток.
Фестивал на фенерите – Азија
Фестивалот на фенерите се прославува на петнаесеттиот ден од првиот месец во лунисоларнаиот календар, при што се палат илјадници фенери. На крајот децата ги носат фенерите во храмовите и решаваат загатки. Ова го симболзира оставањето на минатото зад себе.
Гарма – Австралија
Гарма е фестивал на абориџинското племе Јоингу, со кој се охрабрува зачувувањето на традиционалните танци, песни, обреди и уметност на австралиските домородци.
Сања Мацури – Јапонија
Сања Мацури е најголемиот шинто фестивал во Токио. Се одржува во чест на тројцата мажи кои го подигнале првиот шинтоистички храм вво градот, и привлекува преку 2 милиони луѓе секоја година.