Јелица Љубичиќ, која исто така се опишува себеси како пејачка се соочила со сериозни критики откако луѓето останаа шокирани од нејзиното селфи објавено на социјална мрежа.

Поради скандалот кој го предизвикала ги избришала сите профили на социјалните мрежи.

Таа објавила фотографија, онлајн, со нејзиниот починат татко на која напишала „Почивај во мир“. Човекот бил веќе мртов во моментот кога фотографијата била направена. Таа исто така напишала и текст под фотографијата:

„Ние се боревме колку што можеме, но тоа не е наша волја. Не одлучуваме колку долго ќе живееме. Тој не остави во 67-та година од животот. Ти благодарам за сè, благодарна сум што бев твојата ќерка, и те имав тебе за татко. Ти благодариме што нè доведе до вистинскиот пат. Почивај во мир, секогаш ќе останеш во нашите срца.“

Луѓето во коментарите ја нарекувале „болна личност“ и дека нормален човек не би се обидувал да се фотографира и да добива лајкови, во ваков тежок момент.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено