Повеќето луѓе ги фрлаат стаклените шишиња штом ќе го испијат пијалокот кој се наоѓа внатре, но еве и една интересна идеја за тоа како можете да ги искористите стаклените шишиња. Со помош на LED светилка и картонска подлошка можете да направите прекрасна ламба, притоа без да ви е потребно било какво искуство во сечење стакло или поврзување на електрични уреди. Погледнете го упатството кое следува, како и видеото за да видите како изгледа ламбата во акција.
Потребни ви е празно стаклено шише, картонски подлошки, LED светилка и скалпел или ножици.
Исцртајте круг околу LED светилката.
Потоа исечете круг во средината на подлошките, кадешто ќе биде поставена светилката.
Ќе ви бидат потребни околу осум вакви прстени.
Исечете помала дупка за последната подолшка за да ви остане видлив само осветлувачкиот дел од светилката.
Залепете ги подлошките и вметнете ја светилката.
Залепета ја и горната подлошка.
Ставете го шишето врз подлошката и вашиот проект е завршен!
Еве ја ламбата запалена.