Кога еден господин од 19-тиот век запишал во неговиот бележник дека жолт ретривер со виткано крзо, наречен Ноус и редок твид шпаниел, по име Бел, добиле 4 кученца, не бил свесен дека го забележал раѓањето на најбараната раса на кучиња во светот.
Првиот златен ретривер бил одгледуван во замокот Гуишачан, Шкотска во 1868 година, а оваа традиција продолжува и по 150 години.
Клубот на златни ретривери на Шкотска организирал настан во замокот Гуишачан, за да ја одбележат 150-годишнината од настанувањето на расата. На забавата имале посебни гости за кое биле потребно големо внимание. Задачата да се соберат толку многу кучиња и сите да си заминат на крајот со вистинскиот сопственик ѝ припаднала на претседателката Дорин Мекгуган.
Таа изјавила: „150-тата година е бучен успех. Почнавме од 188 златни ретривери на собирот во 2006 година, 222 во 2016 година и 361 денес. Го соборивме рекордот на големата годишнина.“ Денешните познати обожаватели на златни ретривери ги вклучуваат Опра Винфри и актерот Ендрју Гарфилд.
Сите овие кучиња имат заеднички четири предци, кои пред 150 години лутале низ истата градина на замокот Гуишачан, поседуван од страна на Лорд Твидмаут, човекот кој ја „создал“ оваа раса.