Кинезите го преплавија интернетот со шпекулации дека нивната држава ја посетиле вонземјани. Дел од мистериозните снимки се од градот Чонгкинг, а феноменот бил забележан и од жители во Шангај во источна Кина и Ксинџијанг автономен регион во северозападна Кина.
Некои од луѓето кои што коментирале на социјалните мрежи сметаат дека се работи за повеќе објекти кои се следат едни со други, додека водечкиот британски експерт за НЛО, Нигал Вотсон, смета дека најверојатно станува збор за „ракета која ја лансираат во вселената“.
Видеата се појавиле на социјалната мрежа Weibo, слична на Твитер. Кинеската влада сѐ уште не дала конкретно објаснување за оваа мистериозна појава.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.