Камерите за видео надзор го фатија моментот на кражба на дијаманти во вредност од 100 милиони рубли во Казан, а целата „операција“ траеше само околу 10 минути. Кражбата се случи на изложба на накит која на 11 јули ги отвори вратите за посетителите. По изложбата вреќите со накит требало да бидат спакувани од страна на вработените, но од непозната причина неколку „добродушни“ мажи доброволно им помогнаа во работата.
Исто така чудно е што обезбедувањето не се заинтересирало за тоа кои се овие луѓе. Кога вреќите биле запечатени, мажите исчезнале, како што исчезнала и една од вреќите од накит, но тоа било откриено дури на аеродромот. Менаџерот веднаш пријавил во полиција, но било предоцна. Според него, вреќата содржела накит во вредност од 100 милиони рубли.
Полицијата во Казан успеа да ги идентификува крадците, од кои двајца биле Колумбијци, а еден роден во Гватемала. Двајца од нив заминаа во Москва, а третиот за Сеул. Ова е слика на пасошот на еден од крадците, кој сега е многу богат човек.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!