4-те момчиња, Сем Бел, Џејмс Ходсон, Дилан Годард и Бен Драјсдејл се единствените момчиња во целата генерација на четвртоодделенци, во основното училиште Дигби, Линколншир, Англија. Сите тие се натпреваруваа во спринт секоја година откако започнале со школување, но до оваа година, Бен или Сем ја освојувале секоја трка, што значи дека Џејмс и Дилан секогаш губеле.
Но, ова лето, момчињата решиле да се осигураат дека сите тие ќе ја поминат целта истовремено, за сите да бидат прогласени за победници. Овој спортски гест на несебичност и пријателство ги изненадил наставниците и родителите.
Мајката на Бен вели дека се изненадила кога нејзиниот син, кој има голем натпреварувачки дух ѝ рекол дека сака да трча поспоро на трката за да можат Џејмс или Дилан да победат на трката. Но, потоа момчињата го смениле планот и решиле сите заедно да „победат“.
Дилан рекол: „Само сакав да го поделам со моите пријатели, не да го земам на некој од нив, бидејќи сите заслужуваме да победиме.“
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.