Џаред Литл возел велосипед на периферијата на Колумбо, Џорџија, со група пријатели, кога решиле да направат пауза за да се одморат.
Кучето, на кое сега му е дадено името Колумбо по градот во кој е најдено, исплашено им се приближило на велосипедистите.
Откако Џаред ја забележал неговата крвава нога и истоштено тело решил да го земе со себе на велосипедот. Тој го качил на грб и се упатил кон градот, каде што го запознал кучето со Андреа Шав, која била во градот на посета од Мејн. Таа решила да го посвои Колумбо.
„Ние застанавме да се регрупираме и тоа излезе од шумата за да нè поздрави. Беше многу слаб, му се гледаа ребрата, имаше осип и скршена нога.“, вели Џаред.
Групата се враќала кон градот за да најдат ветеринар за кучето и тогаш ја сретнале Андреа, која била подготвена да го земе Колумбо со неа.
Таа ја платила неговата операција, а сега Колумбо живее на фармата на Андреа во Мејн, заедно со други кучиња, коњи и останатите животни.
Џаред вели дека да застанале пет минути порано или подоцна нивните патишта не би се вкрстиле и судбината на кучето би била трагична.