На снимката е прикажан моментот во кој 46-годишниот Данило Аларкон добива помош од неговиот верен пес Дигонг во градот Давао, Филипини. 7-месечното куче ја турка инвалидската количка на сопственикот со помош на главата. Данило не може да оди откако го повредил ‘рбетот во несреќа со мотор, пред неколку години.
Случајните минувачи Фејт Ревилја и нејзиниот сопруг Данјо, ја забележале големата истрајност на кучето и ја снимиле случката. Таа вели: „ Се чувствувавме благословени што сме сведоци на оваа извонредна глетка кога неверојатно суштество што му помага на својот господар да управува со својата инвалидска количка. Јас мислев дека вакви работи се случуваат само на телевизија, но ова беше многу реална сцена.“
Фејт и нејзиниот сопруг решиле да го однесат Данило во нивниот омилен ресторан, да поразговараат со него и да го почестат.