Витни Брејли од Џорџија, САД, која се движи со помош на инвалидска количка секогаш е придружувана од нејзиното куче-придружник Банер. Едно утро таа знаела дека нешто не е во ред со 3-годишната Банер кога станала многу вознемирена и почнала да ја влече Витни кон блиската шума.
Таа се обидувала да ја викне да се врати назад, но кога кучката одбила да ја послуша 30-годишната мајка на 3 деца решила да тргне по неа.
Во шумата Банер почнала да кружи околу картонска кутија и откако Витни ја отворила, Банер со устата извадила мало бело маче, а потоа почнала да вади уште. Мачињата биле стари само неколку дена и едвај биле живи. Тие не испуштале никакви звуци и Витни помислила дека се мртви, но сите 7 мачиња биле живи.
Откако ги однеле во куќата. Банер не сакала да се раздели од мачињата. Таа инсистирала да ги исчисти, да ги мази и да спие со нив. Таа почнала да се однесува како да е нивна мајка.
Откако Витни се осигурала дека сите мачиња се во добра здравствена состојба ѝ ги доделиле на Банер, да се грижи за нив, додека не пораснат доволно за да ги дадат на усвојување.
„Некој најверојатни ги ставил во картонска кутија, ја затворил и ги оставил таму да умрат. Веројатно мислеле дека никој нема да ги најде. Не знам како Банер знаеше дека се таму. Мачињата беа смрзнати и не мјаукаа. Таа едноставно знаеше. Таа е вистински херој. Да не ги пронајдеше ќе беа мртви. Ми се лоши кога ќе помислам дека некој можел да им го направи тоа на овие мали невини животни. Тоа е толку сурово и бездушно.“, вели Витни.