Пругата долга 704 километри е изградена 1963 година за да може да се пренесува рудата од рударскиот центар Зуерат до пристаништето Науадибоу во Мауританија. На оваа пруга возат најдолгите возови во светот. Еден воз е долг цели 3 километри и носи железо повеќе од доволно за да се изгради цела Ајфелова кула. Само 0,2% од површината на Мауританија е погодна за одгледување земјоделски култури. Остатокот е пустина, па затоа оваа пруга им е од екстремна важност.
Освен тоа луѓето ја користат пругата и за да тргуваат со разни производи преку пустината, како на пример со риба која ја ловат во морето а ја продаваат 500 километри длабоко во пустината.