Алфина Фреста тежи помалку од 50 килограми и користи инвалидска количка за да се движи. Алфина има спастична дистонска тетрапареза, форма на церебрална парализа која влијае на сите четири екстремитети.
Состојбата значи дека грбот и нозете добиваат грчеви и се виткаат неконтролирано. Сепак видеото од нејзиниот настап успеа да ги воодушеви луѓето низ целиот свет.
Но, кога младата и надежна оперска пејачка застанала да настапи во црквата Св. Агата во Катанија, кревкото тело на 28-годишната жена открило моќен глас, кој ги изненадил сите присутни. Таа настапува со Неонската културна асоцијација, која им помага на луѓето со попреченост да учествуваат во уметнички активности како што се театарот и операта заедно со луѓе кои немаат инвалидитет.
Стефанија Лициардело, претседателка на Здружението, се гледа како ја држи Алфина во повеќето од нејзините настапи. Алфина, која се смета за оперска чудо во Италија, изјавила дека не очекувала толку внимание, но се радува што нејзината страст може да остави насмевка на лицата на другите луѓе.
„Јас само го направив она што го правам најдобро и тоа ме прави посреќна. Музиката прави да се чувствувам жива!“, вели Алфина.
Нејзината мајка Антонела вели дека нејзината ќерка има „сила на воин“, и не дозволува нејзината состојба да ја спречи да го постигне она што го наумила. Алфина имала повеќе операции за да се обиде да се бори против нејзината состојба, но тие не ѝ овозможиле многу олеснување.
Антонела вели дека нејзината ќерка ѝ рекла „да престане да се грижи за она погрешно што се случило, и да се фокусира на иднината“.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.