Тепачките се официјално прифатен дел од хокејот на професионално ниво веќе скоро еден век. Во 1922 година, Националната хокеј лига го приклучила Правилото 56 во својот официјален правилник, со кој се регулирало она што подоцна го нарекувале „Fisticuffs“ како официјален дел од играта.
Денес тепачките се регулираат според Правило 46 и иако наводно се забранети тие се многу честа појава во хокејот. Секој играч кој ќе започне тепачка мора да седи на клупа најмалку 5 минути. Насилството е дел од оваа игра познато меѓу играчите како „Кодекс“, односно важи правилото „око за око заб за заб“.
Еден од најголемите „тепачи“ во историјата на хокејот, Крис Нилан, кој поминал над 3.000 минути на клупата поради казни за тепачки вели: „Мислам дека да ги извлечете играчите и да ги прашате ќе кажат ‘задржете го’, за во случај кога двајца толку ќе се налутат еден на друг, можеби затоа што еден му ставил стап во реброто и конечно ќе каже ‘доста беше’ и сака да ги остави ракавиците и да му го скрши носот. Момците размислуваат два пати кога треба да преземат слобода со другите луѓе, ако има некој кој ќе дојде и ќе ја смири ситуацијата.“
Комесарот во НХЛ, Гери Бетмен самиот изјавил дека тепачките се „термостат“ за играта, и дека „можат да спречат други повреди“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!