Сакате да ги импресионирате вашите претплатници на Инстаграм со екстремна фотографија, но не сакате да го преземете ризикот? Постојат тајни места на нашата планета, каде што не треба да бидете толку храбри за да направите фотографија што ќе им се допадне на милиони луѓе.
1. Педра до Телеграфо, Бразил
Оваа мала карпа наречена Педра до телеграфо не е далеку од Рио де Жанеиро. Од неа, има прекрасен поглед на Атлантскиот океан. Можете да направите кул фотографија без никаква опасност ако аголот е добар.
2. Педра да Гавеа, Бразил
Педра да Гавеа е карпа во Рио де Жанеиро, која се наоѓа на височина од 2.722 стапки. Има многу места каде што можете да се фотографирате со прекрасен поглед на градот или на плажата. Има мала карпа на која можете да направите добра слика доколку го погодите аголот.
3. „Чипс карпата“, САД
„Чипс карпата“ се наоѓа на врвот на планината Вудсон во близина на градот Повај во Калифорнија. Таа навистина изгледа како парче чипс. На некои фотографии, изгледа како да има бездна под карпата, но всушност е на само неколку метри од земјата.
4. Викторија водопади, Зимбабве
На врвот на водопадот, постои нешто што се нарекува ѓаволски базен. Протокот на вода таму е прилично бавен и шансите за да паднете се многу мали.
5. Куќа на дрво со лулашка, Еквадор
„Лулашката на крајот од светот“ е врзана за куќична на дрво во Банос, Еквадор, на височина од 2.500 метри. Но луѓето кои се лулаат на лулашката не се во опасност бидејќи таа е блиску до земјата, постојат безбедносни појаси и не оди над бездната.
6. Флајдосјувет, Норвешка
Оваа карпа е прилично висока, па затоа не е препорачливо да се застане до работ, но затоа е прилично широка и може да се направи фотографија без да си го ставите животот во опасност.
7. Рјутен, Норвешка
Рјутен се наоѓа на 600 метри надморска височина, но има мала карпа која е сосема безбедна за да си направите екстремна фотографија доколку аголот е добар.
8. Кањонот „Риба“, Намибија
Речниот кањон Риба е ден од најголемите кањони во светот. Но познатата карпа за фотографирање е на само 1 метар од земјата и со малку труд може да се направи возбудлива фотографија.