Снимките направени од улица во Италија покажуваат дека Џорџ Клуни бил фрлен неколку метри во воздухот кога неговиот скутер се судрил со автомобил.
57-годишниот актер се судрил со Мерцедес на италијанскиот остров Сардинија околу 7 часот во вторникот, кога влегол во неговата лента додека се обидувал да престигне друго возило.
За среќа Клуни носел кацига и не се здобил со посериозни повреди. Тој бил однесен во болницата Јован Павле Втори во Олбија, но бил пуштен по само неколку часа. Актерот немал фрактури но претрпел траума на карлицата, колкот и коленото. Неговата сопруга веднаш се упатила кон болницата кога дознала за несреќата. Тој моментално е во неговиот дом и се опоравува од несреќата.
Актерот го возел неговиот скутер од неговата куќа во Пунталдија, Сардинија, до сетот на неговата нова Хулу ТВ серија, Catch 22, кој се наоѓа во Капо Керасо, во Олбија, кога се случила несреќата.