Млад брачен пар имале проблеми да направат дете. По неколкугодишни експерименти, тие решиле да направат нешто необично. По долго размислување, решиле жената да спие со друг маж, под услов двајцата заедно да одберат со кој. Се качиле во воз, си зеле приватно купе за спиење и седнале во бифето. По неколку минути, се појавил некој страшно згоден тип, со фризура, извонредна облека и така натаму. И двајцата одлучиле дека тој ќе биде нивниот избор.
Човекот отишол до непознатиот, тајно му посочил кон својата жена и рекол:
– Еј, сакаш ли да ти средам за оваа девојка за 1000 денари?
– Па да, зошто да не, само нема никаде.
– Има, има, не се секирај, јас ќе средам.
По 30 минути, фраерот се враќа и вели дека девојката е одлична, а сексот бил магичен. Но мажот почнал да си мисли: „Дали ќе се фати само од еднаш?“ И така реши да му понуди и втор пат:
– А што велиш за уште една тура, штом си толку задоволен, за уште 1000 денари?
– Екстра, може!
По 30 минути, пак истата ситуација. Фраерот многу задоволен од третманот, а мажот пак со мисли во главата. Си мислел како тој се обидел со години и не успевал, а сега само 2 пати… И решил повторно да праша:
– А трет пат? Овој пат само за 500 денари?
– О, за 500 денари, не се ни мислам.
И отишол повторно.
По 30 минути мажот почнала да го фаќа криза. „Ако не се фати и од 3 пати? Џабе си правел толкави проблеми во животот.“ И само што се појавил непознатиот на вратата го прашал:
– Еј, ајде и четврти пат, но овој пат куќата често.
– А, не, не. Нема шанси.
– Е ајде де, само уште еднаш. Што е проблемот?
– Не можам брат, разбери ме, немам повќе кондоми!