Метрото во Њујорк им нуди на луѓето евтин и едноставен начин да одат од едно место на друго, но еден патник решил да го игнорира конвенционалниот начин за патување. Инцидентот се случил кога метрото застанало на станицата Клинтон-Вашингтон и еден патник одлучил да го продлжи патувањето од надворешната страна.

Видеото го снимил патникот Метју Бери, кој подоцна го ставил на Инстаграм. „Никогаш не сум видел некој да направи вакво нешто. Сум видел предупредувања за тоа во метрото. Сакав да го снимам затоа што мислев дека е одлично, но и екстремно страшно.“, изјавил Метју.

„Авантуристот“ се „симнал“, неповреден  на наредната станица и едноставно заминал како ништо да не се случило. Според податоците од властите најмалку 15 лица загинале поради „скијање“ или „сурфање“ на метро од 1989 година.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено