Рибарот отишол на риболов во Атлантскиот Океан покрај брегот на плажата Помпано. Одлично сончево време, добар мамец и сè си било во ред додека не нашол еден чуден пакет во водата.
Кога го забележал пакетот на брановите, решил да види што е тоа. Рибарот отпловил на своето бротче и го извадил од водата. Како што се испоставило, тоа бил пакет од 1 килограм марихуана. Се разбира, рибарот не си го оставил за себе подарокот од наследниците на Пабло Ескобар и ја повикал крајбрежната стража.