5-годишниот Бен Вилијамс вчера го завршил циклусот од шестнеделна радиотерапија во болницата „Кралицата Елизабета“ во Бирмингем и неговата битка со ракот го инспирирала капитенот на националниот фудбалски тим на Англија, Хари Кејн, како и многу други луѓе.
Бен не можел да оди и да зборува за време на третманите, а кога прозборел рекол дека го сака пехарот кога ќе завршат третманите. Неговиот татко Сем вели дека Бен многу го сака националниот тим и еден од неговите први зборови биле Хари Кејн.
Кејн го видел видеото со Бен и од Русија напишал на Твитер порака до него: „Здраво Бен! Го видов твоето видео и ти си инспирација. Продолжи да се бориш и ние ќе направиме сѐ што можеме во сабота за да ја задржиме насмевката на твоето лице! #BensWorldCup.“ Исто така поранешниот капитен на Англија, Рио Фердинанд напишал: „Го сакам ова #Worldcup2018Russia.“
Радиографот Лиам Херберт го снимил неверојатниот и возбудлив момент, кога персоналот на болницата му подарил реплика на момчето на познатиот трофеј.