Милијардерот Илон Маск ги испрати своите најдобри инженери да помогнат во спасувањето на 12 деца и нивниот тренер, кои останаа заробени во поплавената пештера во Тајланд. Маск предложил да се создаде подводна цевка низ која децата ќе можат да поминат.

Илон вели дека неговата компанија Boring Co, кој копа тунели за напредни транспортни системи, може да постави најлонската цевка во поплавените делови од пештерата пред да ја надува, за да создаде подводен тунел. Тој го испратил тимот за да ја процени ситуацијата. Децата се заробени 800 метри под земјата.

Според извршниот директор на Тесла, спасувачите можеле да користат електрични пумпи за да ја отстранат водата од поплавениот влез во пештерата. Потоа најлонските цевки со дијаметар од 1 метар да се постават долж поплавените делови. Батерии и воздушни пумпи ќе ги надуваат цевките потопени под вода. Овие цевки ќе обезбедат тунел за бегство што децата би можеле да го искористат за да излезат на безбедно.

Но, некои експерти не се сложуваат со идејата на Маск, велејќи дека е премногу опасно за нуркачите да го постават целиот систем на таа длабочина и во целосна темнина, бидејќи пред неколку дена загина еден нуркач од единицата Фоки, на Тајланд.

Сподели на Facebook
пати видено