Низ светот секојдневно се случуваат ужасни злосторства, но повеќето остануваат непознати за светската јавност. Најчесто слушаме за сериските убијци од САД, но еве уште еден доказ дека тоа не се случува само таму.
Во 2007г. на некои шокантни сајтови се појавило уште пошокантно видео на кое се гледа како две момчиња убиваат човек. Тие момчиња подоцна станале познати како „Манијаците од Днепропетровск“ или уште и „Манијаците со чекан“. Крвожедните адолесценти од Украина касапеле членови на сопствената заедница. Убило вкупно 21 човек, но уште пострашно е тоа што зад убиствата немало конкретна причина ни мотив.
Првото од убиствата во Днепропетровск се случило во 2007г. Деветнаесетгодишниот Виктор Сајенко и неговиот врсник Игор Супруњук минувале покрај една жена, кога наеднаш се свртеле напаѓајќи ја и ја убиле.
Набргу по првото убиство, убиле човек кој спиел на клупа, удирајќи го со чекани до смрт. Следната недела биле најдени уште две тела, а потоа и трето. Властите сфатиле дека се исправени пред сериски убијци, чиешто беснеење со секоја нова жртва станувало сѐ побрутално.
Убијците се гордееле со нивните крволочни чинови, често сликајќи се и снимајќи видео клипови. Како што растел бројот на жртвите, почнале да се јавуваат знаци на измачување и сакатење. Била најдена бремена жена со фетусот изваден од нејзината утроба.
Убијците Игор и Виктор се запознале кога имале четиринаесет години. И двајцата ги поврзувал стравот од височина.За да се преборат со стравот, се виснувале на балкон од 14 кат. За да се справат со чувството на гадење, момчињата ловеле кучиња и ги парчосувале живи. Еднаш распнале маче на крст и стрелале во него.
Полицијата почнала да ги следи откако им избегало четиринаесетгодишно момче, откако го убиле неговиот пријател во шумата. Момчето било обвинето за убиството, при што дури било и тепано од полицијата, но потоа ги повлекле обвиенијата против него откако тој им дал детален опис на Сајенко и Супруњук.
Во нападите било вклучено и трето момче, Александар Ханжа, пријател на двајцата осомничени. Тој лично не учествувал во убиствата, но им помагал на убијците да ги ограбат жртвите и потоа да ги продадат вредните работи.
Супруњук и Сајенко биле поврзани со убиствата преку украднатите добра кои ги заложиле. Биле уапсени кога се обидувале да ги продадат. Ханжа бил уапсен во неговиот дом, додека се обидувал да ги пушти во тоалетот вредните работи на жртвите.
Александар Ханжа ќе остане во затвор до 2018 година, а Виктор Сајенко и Игор Супруњук ги отслужуваат нивните доживотни затворски казни.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!