Сите сакаме да бидеме силни како ова девојче. 4-годишната Маја, со церебрална парализа за прв пат успева да застане на своите нозе сама без помош на бастун или помош од друга личност.
„Првите чекори – 4 години, 10 месеци.“, напишала нејзината мајка, Ен Тисдејл, на Фејсбук. „Не можам дури ни да опишам како се чувствуваме. Ништо не може да се спореди со возбудата од овој момент за нас. Ние сме горди на нашата моќна девојка.“
Семејството живее во Мичиген, САД. Маја на 9-ти мај била подложена на голема процедура на рбетот каде што лекарите мислеле дека нема да може да оди уште шест месеци. Таа го сторила тоа за седум недели.