Жената која го снимила видеото потпишана како „Соло Доло“ сакала да го сними доаѓањето на бурата во Алабама, САД, во живо на Фејсбук. Таа го приметила чудното движење дури откако ја прегледала снимката повторно.
Таа во видеото вели: „Еј, овде имаме бура. Немаме струја, сè е разнесено на сите страни тука, кутии, дрвја.“ Тогаш камерата се фокусира на бела празнина на хоризонтот и жената додава: „Погледнете ја дупката во небото…ете кој ја има моќта.“
Но, движечката силуета ја забележала нејзината пријателка откако видеото било објавено, на што „Соло Доло“ напишала: „Не можете да ми кажете дека Господ не постои.“ Голем број на луѓе се согласиле со мислењето на жената.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.