Теми Водел не била наставничка само по професија, туку и по вокација. Дури и кога сфатила дека не ѝ останува многу од животот, наставничката одлучила малку да го подобри животот на учениците и им се обратила на сите нејзини познаници со навистина важно барање.
Ова е нејзината приказна.
Наставничката Теми Водел од САД била смртно болна. Кога ја дознала нејзината дијагноза жената не очајувала, туку побарала од нејзиниот син да им каже на сите нејзини познаници да не носат цвеќиња на нејзиниот погреб. Наместо тоа, таа побарала од луѓето да донесат ранци со училишни материјали, кои потоа требало да бидат префрлени во училиштата за да им помогнат на децата од семејства со ниски приходи. И барањето на Тами било извршено.
Просторијата и капелата каде што познаниците се опростувале од Теми биле исполнети со шарени ранци, во кои имало книги, тетратки, моливи и слично. На погребот исто така присуствувале околу стотина наставници кои ги однеле ранците во нивните училишта за да им ги предадат на децата на кои им се потребни.
Теми работела во училиштето 25 години, кога на 58-годишна возраст и кажале дека има рак и дека нема да живее долго. Тогаш таа решила да им помогне на децата и по нејзината смрт.
Многу од присутните на погребот прашувале како на друг начин можат да им помогнат на децата од загрозените семејства.
Повеќе од 3 илјади интернет корисници ја споделија приказната за Теми, а многумина побрзаа да го изразат своето восхитување кон наставничката, која до нејзиниот последен здив мислела на децата.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.