Русија се наоѓа во четвртфиналето на Светското првенство по драматичната победа врз Шпанија. Домаќините ги победија Шпанците на пенали, откако резултатот остана 1-1.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Иаго Аспас и играчот на Атлетико Мадрид, Коке, промашија и ѝ дозволија на Русија да освои 4-3 во пенали. За херој бил прогласен голманот на Русија Игор Акинфеев, кој одбрани два пенала.