Куче било прогласено за херој откако ја спасило неговата сопственичка од ѕвечарка, така што го примило гризнувањето наместо неа. Златниот ретривер по име Тод бил на пешачење со неговата сопственичка Паула Гудвин во антем, Аризона, САД, кога наишле на ѕвечарка.
Во моментот кога Паула ќе ја згазнала змијата, Тод ја забележал и скокнал пред ногата на неговата сопственичка.
За жал, неговото херојство не поминало без последици, бидејќи ѕвечарката го гризнала за муцката и едната страна драматично му се подула.
Тод веднаш бил однесен на ветеринар и се очекува дека наскоро целосно ќе закрепне. Фотографиите од него на кои што тој изгледа среќен иако негово лице е повредено ги разнежнија луѓето на социјалните мрежи и сите ја пофалиле неговата храброст и позитивен став.