Русинките се пожалија на интернет од хотелот „Angel’s Peninsula“ во Мармарис, дека им наредиле да ги избришаат сите фотографии во бикини на кои се гледа хотелот.

Правилата на хотелот биле дека се дозволени фотографии на девојки само во бурки, но Русинките никој претхорно не ги предупредил за тоа.

По објавувањето на неколку фотографии и видеа во костим за капење, девојката истиот ден добила официјално барање од хотелот да ги избрише фотографиите или да ја отстрани ознаката на хотелот од својот пост. Според претставник на хотелот, ваквите фотографии им ги бркале редовните гости од муслиманска вероисповед. Русинката се разбира одби да ги избрише своите фотографии, а хотелот ја избркал и ја ставил на црната листа.

Сподели на Facebook
пати видено