3-годишната лавица по име Лола многу сака да се милува. Таа најголем „мерак“ му удри на маж кој седи во отворено возило за прошетки низ сафари-парк, а исто така се обидуа да бакне мало девојче. Но сепак за чуварот и сопственик на паркот ова е потенцијална опасна ситуација.
Лавицата ја смирува со голи раце познатиот „шептач на лавови“, Олег Зубков, сопственик на паркот.
Животното спасено од зоолошка градина во Русија пред 2 години за да не биде успиено, наводно „предело како мачка“, иако ова е нешто што лавовите не би требало да можат да го направат. Неверојатната сцена била снимена во паркот Таиган Сафари во Крим.
Зубков им овозможува на посетителите да се дружат со големи мачки во ситуации кои се спротивни од нормалните правила за здравје и безбедност и би биле забранети на друго место.
Татјана Алексагина, директорка на паркот вели: „Животот во паркот ја трансформира во една од најмилите диви животни што некогаш сме ги виделе. Таа само што го роди нејзиното прво малденче, што ја нарековме Лилу, и таа сака да доаѓа да се поздравува со туристите. Всушност, таа е толку страсна во скокањето во сафари возилата со бакнежи и прегратки што многу туристи не можат да се справат со неа. На нив не им се верува дека Лола сака само да се бакнува и прегрнува.“