Медицинска сестра, која работела во болница во Британија и користела вуду магија за да принудува жени од Нигерија да се занимаваат со проституција била прогласена за виновна во првиот случај од ваков вид во Велика Британија.
Џозефин Ијаму користела шаман за да ги увери своите жртви дека биле под нејзина контрола и ги експлоатирала за да си го финансира раскошниот начин на живот.
53-годишната жена била водач на меѓународна криминална мрежа за трговија со луѓе и живеела во огромна палата во Нигерија, во која имало соби и за послугата. Џозефин им наплаќала на нејзините жртви 30.000 евра и 38.000 евра за да го организира нивното патување до Европа, профитирајќи повеќе од 15.000 евра од една жртва само преку трансфери и готовински плаќања.
Таа првин ги приморувала ранливите жени да бидат дел од церемонијата „Џуџу“, која вклучувала пиење крв која содржи црви и јадење на срце од кокошка. Потоа, жртвите биле принудувани да издржат тежок петдневен пат до либискиот брег, каде што биле силувани од повеќе мажи и заплашувани со оружје.
Потоа биле префрлани на чамец со стотици луѓе во Италија, пред да бидат преселени во Германија за да работат како проститутки. Џозефин која била позната како „Мадам Сандра“ е прогласена за виновна по основ на 5 точки, а конечната пресуда ќе биде донесена на 4-ти јули.
Жртвите биле на возраст од 24 до 30 години и една од нив сведочела дека „Мадам Сандра“ ја принудила за продолжи со „работата“ веднаш откако била подложена на абортус, за да може да ѝ ги врати парите кои биле дадени за абортусот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.