Извршниот директор на „Блу Ориџин“ (Blue Origin), вели дека авиокомпанијата ќе започне со продажба на билети за суборбиталните вселенски летови во 2019 година. Потпретседател Роб Мејерсон ја пренесе веста за време на воведниот говор на Самитот на веб-услугите во јавниот сектор на Амазон во Вашингтон. Летовите ќе се реализираат со помош на Њу Шепард, ракета со која Blue Origin ги почнале тестирањата уште во 2015 година. Овие тестови наскоро ќе вклучуваат патници, според Мејерсон.
Мајерсон не дал наговестувања што ќе добијат патниците кои ќе ги купат овие билети. (Еден час во вселената? Еден ден?). Тој, исто така, не кажал колку би наплатиле за привилегијата, но тоа може да биде затоа што едноставно не знае.
Во мај, извршниот директор на Blue Origin (и Amazon), Џеф Безос, изјавил за GeekWire дека компанијата сè уште се обидувала да дознае колку да наплаќаат за новите Шепард билети.
Blue Origin не се сами во обидот да се пробијат на пазарот за вселенски туризам – SpaceX, Orion Span и Axiom Space се само неколку од другите компании кои се борат за парче од вселенскиот туризам.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.