Јапонија многу се грижи за своите деца и сите држави во светот треба да земат пример од неа. Во секое училиште има кујна каде што готвачите им готват на децата природна, здрава и вкусна храна, а најинтересниот дел е она што се случува откако храната ќе биде подготвена.

Јапонските деца сами си ја служат храната, а потоа и сами си чистат и мијат откако ќе изедат. Тоа е одлична лекција за децата и ги прави поодговорни и посамостојни. Во Јапонија ручекот е дел од образовниот процес, а не пауза од него.

Сподели на Facebook
пати видено