Со нето вредност од 20 милијарди долари, кој би можел да ја креира иднината на човештвото во вселената, на Земјата, па дури и под земјата, Илон Маск е веројатно прилично високо на листата на луѓе кои не ги сакате за непријатели.
Сега, тој доби нова мисија: да го уништи Мартин Трип. добро можеби „уништи“ е премногу силен збор. Само сака да го доведе до банкрот и да ја сруши неговата репутација. Кој е Мартин Трип и што направил за толку да го изневрвира Маск?
Маск испратил мејл до вработените во Тесла, тврдејќи дека меѓу нив постои предавник: „Бев вознемирен кога дознав овој викенд дека вработен во Тесла спровел доста екстензивна и штетна саботажа за нашите операции. Целосниот степен на неговите постапки сѐ уште не е јасен, но она што тој го призна засега е многу лошо.“
Според мејлот на Маск саботерот рекол дека неговите дела биле поради одмазда кон Тесла, затоа што не го добил заслуженото унапредување. Мартин Трип е тој вработен. Тој ги пробил компјутерските системи на Тесла, украл неколку гигабајти доверливи податоци и им кажал на медиумите лаги за компанијата. Од Тесла допрва ќе одлучат колку парична оштета ќе бараат од Мартин.
Додека од Тесла го гледаат Мартин како изреволтиран вработен, Мартин се гледа себе како свиркач. Претходно овој месец, Бизнис Инсајдер објави статија во која пишува дека анонимниот извор им рекол дека Тесла генерира десетици милиони долари во отпад и произведува автомобили со потенцијално неисправни батерии. Во средата, Трип признал во интервју за The Washington Post дека тој бил тој извор.
Тој исто така изјавил дека „не му е гајле“ доколку не го добие унапредувањето и дека само се обидувал да го информира светот за она што го видел како потенцијална опасност.
Тврдењата на Мартин и на големата компанија допрва ќе се потврдуваат во судска постапка.