9-годишен англиски булдог беше прогласен за победник на натпреварот за најгрдите кучиња во светот за 2018 година во заливот на Сан Франциско. Сопственичката на кучето Меган Браинард од Анок, Минесота, ќе добие 1.500 долари за победата на Заза.

Таа го вдомила Заза преку веб-страница за наоѓање на домашни миленичиња. Кучињата се оценуваат од страна на група на судии. Овој натпревар се одржува веќе 30 години.

Погледнете ги и останатите „натпреварувачи“

Сподели на Facebook
пати видено