Легендарниот Астон Мартин управуван од Џејмс Бонд во Goldfinger е пронајден по 20 години откако бил украден од аеродромот во Флорида.

Астон Мартин ДБ5 од 1964 година, кој беше опремен со митралези и пневматици за агентот 007 на Шон Конери, најверојатно е на Блискиот Исток, според трагата која им е дадена на истражителите.

Тој бил украден во 1997 година, а неговиот сопственик, кој го купил во 1986 година за 250.000 долари, го чувал во аеродромскиот хангар во Бока-Ратон. Сега Art Recovery International, кои биле ангажирани од осигурителна компанија за да го пронајдат автомобилот тврдат дека се на прагот да го вратат автомобилот назад.

Нивниот извршен директор тврди дека ќе се упатат со тим на експерти и механичари за да ја потврдат автентичноста на автомобилот. Била понудена шестоцифрена награда за информации што доведуваат до негово безбедно враќање. Точната локација на автомобилот не е откриена.

Се проценува дека автомобилот, познат како „најпознат во светот“ откако филмовите за Бонд станаа хит во кината во 1964 година сега би можел да вреди над 10 милиони евра.

Сподели на Facebook
пати видено