Велат дека за добро расположение не е потребно многу: доволно е љубезен збор, комплимент, насмевка и мало внимание. Русите решиле да спроведат мал социјален експеримент и да проверат како девојките и жените на улица ќе реагираат на искрен комплимент од непознат маж, на пример, во форма на цвет.
Дали ќе ги развесели или ќе го игнорираат?
Запознајте го Ратмир. Тој им приоѓал на дамите, им посакувал убав ден и им подарувал роза. Улицата на која се спроведувал експериментот била прометна, па така фотографот можел без проблем да се сокрие и да фотографира во толпата.