Кога архитектите ќе сакаат да скријат нешто од вас за да ве изненадат…

Студио камуфлирано како куп дрва – Холандија

sk01

Во сопственост на Ханс Либериг и дизајнирана од Пиет Хајн Ик, фасадата на оваа градба му овозможува да се вклопи во неговото рурално опкружување. Но кога ќе се отворат прозорците, внатрешноста на студиото е облеано со природна светлина.

sk02

sk03

Невидлива плевна, Бруклин, САД

sk04

Оваа дрвена структура е во целост покриена со рефлективна обвивка. Материјалот толку добро ги рефлектира дрвјата во позадината, што би требало внимателно да се загледате за да ја забележите.

sk05

Смрекова куќа – Шведска

sk06

Дизајнирана од шведските архитекти Ханс Мурман и Ула Алберст, Смрековата куќа е едвај видлива од некои агли. Во овој случај не е употребена огледална обвивка како во претходниот пример, туку фотографии на дрвјата околу куќата. Потоа тие фотографии се прелсикани на ткаенина спуштена преку ѕидовите на градбата.

sk07

Кејдивил Сауна – Њујорк

sk08

Оваа шумска оаза е дело на архитектот Ден Хисел. Изградена е на карпа која служи како еден од внатрешните ѕидови и е покриена со огледала. Ефектот и овозможува на куќичката совршено да е стопи со околината.

sk09

sk10

Огледална коцка – Шведска

sk11

Пристапна само преку 12-метарскиот мост, оваа куќичка на дрво е дело на Там и Видегард, сместена среде недопрената шума. Стаклото рефлектира сѐ околу него, така што е тешко да се забележи.

sk12

Пинакл – Нешвил

sk13

Пинакл е висококатница од 29 ката со службени и станбени простории, која се наоѓа во Тенеси, САД. Зградата е со LEED златен сертификат за енергетска ефикасност и изгледа како да е направена од облаци.

Невидлива трафостаница – Холандија

sk14

Секој град си има свои структури кои се неопходни, но грди. Роеланд Отен, дизајнер од Ротердам, развил неколку техники за разубавување на трафостаници претворајќи ги во уметнички дела.

sk15

Рејчел Рејмонд Хаус – Масачусестс, САД

sk16

Куќата е изградена од архитектот Еленор Рејмонд за нејзината сестра во 1931г. Во 2006 била срушена, но не и заборавена. На нејзиното место португалскиот архитект изградил невидлива куќа изградена од големи стаклени панели кои се втопуваат во околниот пејзаж.

sk17

Зелена Кутија – Италија

sk18

Многу луѓе сонуваат да ја трансформираат нивната гаража во уметничко студио, но малкумина го прават тоа како Акт Ромеџиали. Наместо да бојадисуваат, дизајнерите ѝ оставиле на природата да ја заврши работата.

sk19

sk20

Куќа во дините – Флорида, САД

sk21

Да се живее крај плажа е супер, но да се живее во плажата е уште појако. Во 1975г. архитектот Вилијам Морган го дизајнирал и изградил овој скришен дом во песочните дини на плажа крај Атлантикот.

sk22

sk23

Сподели на Facebook
пати видено