Една жена вработена во сендвичара решила да го надои бебето кое било оставено пред зградата каде што се наоѓа сендвичарата, на Филипините.
Персоналот во „Jollibee burger and fried chicken“ во Имус, главниот град на северната провинција, веднаш преземал мерки за да го згрижат новороденчето, кое од надвор го донел сообраќаец.
Тие му ги смениле пелените, го грееле, а шефицата на смената дури и го надоила. Џесика Тан Верно, вработена во сендвичарата ја објавила фотографијата на Фејсбук и напишала: „Кој го оставил оваа бебе во близина на Jollibee во Имус, знајде дека вие одговарате пред Бога. Бебето е многу слатко! Ќе заплачам затоа што неговите родители го напуштиле. Одделот за социјални работи и развој ќе го земе, но сакам да го имам ова бебе!“
Џесика исто така изјавила дека кога го донеле бебето имало сѐ уште траги од крв и тие веднаш претпоставиле дека е напуштено по самото раѓање. Службите моментално се обидуваат да ги пронајдат родителите на бебето.