Починала горила позната по нејзините вештини за знаковен јазик. Коко, која беше родена во зоолошката градина во Сан Франциско во 1971 година, имала 46 години. Таа можеше да комуницира со луѓето со користење на 1.000 зборови на знаковен јазик и способност да разбере 2.000 зборови на говорен англиски јазик.
Фондацијата Горила, основана од психологот за животни, Франкин Петерсон, ја објави смртта на Коко.
Таа починала во Вудсајд, Калифорнија во вторникот. Фондацијата изјавила во соопштението: „Фондацијата ќе продолжи да го почитува наследството на Коко и да ја унапреди нашата мисија со тековните проекти, вклучително и напорите за зачувување во Африка, големото мајмунско светилиште на Мауи и апликацијата за знаковен јазик со Коко, во корист на горили и децата.“
Коко ја посетувале и познати личности, како што бил покојниот актер Робин Вилијамс и басистот на Red Hot Chili Peppers, Фли, кој дури и ѝ ја дал гитарата за да се игра со неа.
Коко била многу мала кога морале да ја разделат од нејзината мајка за да ја лекуваат од опасна болест.
Патерсон, која тогаш спремала докторат по психологија на приматите ја убедила зоолошката градина да ѝ ја дадат Коко за истражувањето. Коко била брз ученик и наскоро можела да ги комбинира знаците за да бара нешто.
На возраст од седум години, Коко била на насловната страница на списанието National Geographic.
Таа сама ја направила фотографијата со насочување на камерата во огледало, откако Патерсон објавила истражувања тврдејќи дека не само што таа има речник со повеќе од 300 знаци, туку, поконтроверзно, таа ги користела за да ги изрази длабоките и сложени емоции.
Многу научници не се сложувале со Патерсон тврдејќи дека мајмуните само го имитираат однесувањето на луѓето, но сепак Коко успеа да го освои срцата на луѓето низ целиот свет и нејзината приказна ќе се памети.