Еден млад навивач на Португалија не можел да престане да плаче откако помислил дека ја пропуштил шансата да се запознае со неговиот херој, но се изненадил во последната минута. Кристијано Роналдо веќе бил во автобусот на тимот кога момчето успеало да помине покрај обезбедувањето и да дојде до задната врата.
Тогаш Роналдо се симна од автобусот и му ја исполнил желбата на малото момче. Слична средба следела на аеродромот, кога Роналдо повторно застанал да му даде автограм на еден млад навивач пред да замине со тимот на Светското првенство во Русија.
На аеродромот Хумерто Делгадо во Лисабон друг млад навивач му пристапил на Роналдо и на националниот тим и тој повторно изреагирал на истиот начин. Очигледно Роналдо најмногу ги сака најмладите навивачи.