Хелен Граниер од Флорида, САД минатата недела го прославила својот 105-ти роденден со најблиските пријатели и изјавила дека никогаш не очекувала дека ќе доживее толку. Таа вели дека не знае која е „магичната тајна“ на долговечноста, но нејзината е тоа што пиела алкохол, пушела и останувала до доцните вечерни часови кога била помлада.
„Јас пиев пиво и пушев, и сè. Останував до доцна, знаете, танцував, а потоа одев на работа. Мојот сопруг не сакаше да ме однесе во Вегас, бидејќи знаеше дека сакам да се коцкам. О, многу сакав да играм на машините. Затоа отидов во Вегас кога тој почина.“, вели Хелен.
Хелен има импресивна меморија и вели дека дури и се сеќава на Првата светска војна. Таа изјавила: „Се сеќавам на Првата светска војна. Претпоставувам дека имав само три или четири години, но се сеќавам дека мојот вујко дојде дома за да ја види мајка ми, која беше болна од туберкулоза.“
Иако можеби ја нема лекарската формула за долговечност, сите можеме да прифатиме неколку совети од Хелен.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.