Оваа видео се појави во 2013 и стана многу популарно на интернет. Додека работниците Антвон Мекој и Леонард Патон играле за време на паузата, им се придружил нивниот шеф Џон Грифит, познат како Гриф. Вработените го убедиле да го објави видеото затоа што ќе ги направи „луѓето среќни“.
Тој направил толку добра и позитивна атмосфера што 5 години подоцна Антвон побарал да му стане кум и истиот „танц“ го одиграле и на свадбата. Популарноста од ова видео го инспирирала Гриф да направи емисија наречена „Диви работи“ на „Анимал планет“ и во истата ги вклучил Антвон и останатите вработени.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.